ОБЛАЧНО СО ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД Температурата ќе достигне до 15 степени

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат на запад кон средина на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат во западните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени целзиусови.

Во Македонска Каменица, слично време со минимална температура до 1 степен и максимална до 12 степени.

Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *