Облачно и дождливо со температура до 14 степени

Македонска Каменица, 25.11.2019 година – Времето во текот на ноќта и изутринава беше облачно со повремени врнежи од дожд. Во Маврово и Крушево е магловито со намалена видливост.

Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 25 л/м2). Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервалот од 11 до 14 степени.

Во Македонска Каменица, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *