ОБЕЛЕЖАНИ 50 ГОДИНИ ФК „САСА“

Македонска Каменица, 15.12.2018 година – Денеска Македонска Каменица беше домаќин на детскиот фудбалски турнир „50 години ФК Саса“ по повод овој јубилеј на каменичкиот второлигаш.

„На турнирот настапуваат детските екипи на Каменица Саса, штипската Академија Постолов-Пандев, виничка Слога и штипска Брегалница“, вели Климент Ѓоргиевски, претседател на ФК Каменица Саса.

Поддршката за клубот од општината продолжува и понатаму.

„Ова е голем јубилеј, по кој што Македонска Каменица и денес и порано беше препознатлива. Поддршката во организацијата и за фудбалот од општината продолжува и понатаму со значајни средства“, вели Соња Стаменкова, градоначалник на Македонска Каменица.

Задоволни од учеството на турнирот беа и младите фудбалери.

„Тренирам фудбал 3 години и фудбалот претставува нешто што ми причинува особена релаксација и многу сакам да играм“, вели малиот фудбалер Стефан Трајков.

Македонска Каменица ипокрај тоа што е еден од најмалите македонски градови, не престанува да бидеважен центар за македонскиот фудбал, а ваквите турнири одат само во прилог намотивацијата на најмладите и развојот на фудбалот во ова мало место на Истокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *