Обезбедени контејнери и корпи за селектирање на отпад во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 11.08.2021 година – После добивањето на ново возило за транспорт и складирање на отпад, Општина Македонска Каменица во рамки на Проектот за регионалната депонија доби 69 контејнери за селектирање на стакло, пластика и хартија. Истите, според просторните и техничките можности, од страна на ЈП Камена Река ќе бидат распоредени на повеќе улици и локации во градот.

Општина Македонска Каменица преку спроведувањето на Програмата за работа на Јавното претпријатие, паралелно започнува и со поставување на 200 корпи за отпадоци за домаќинствата во централното градско подрачје, како прв чекор кон целосно воведување на системот за селектирање на отпадот.

Со овој пристап кон управувањето со отпадот, граѓаните на Македонска Каменица директно учествуваат и помагаат во одржувањето на чистата и здрава животна средина. Исто така, селектирањето и рециклирањето на отпадот,ќе значи и дополнителен бенефит за Општината, односно заштеда на средства кои ќе бидат вложувани во заштита на животната средина и природата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.