Носењето маски мора да стане задолжително

Луѓе што немаат симптоми можат да инфицираат други со зборување, но дури и најобична маска може да не спречи да шириме заразни капки. Може да влезеш во продавница и да заразиш луѓе без да знаеш. Некои можат и да умрат.

Не морате да носите премногу „фенси“ маска. Дури и едноставно парче ткаенина која ја покрива устата може да го спречи убиецот.

Весникот The Wölfel наведува дека мораме да ги фокусираме нашите напори за да го спречиме прскањето на капките. Ова е поради тоа што вирусот се пренесува преку капките од плунката кога зборуваме. Не можеме да ги видиме но, тие се тука. Ние исто така знаеме дека капките можат да отидат и многу повеќе од тие 1.84 метри кои се сметаат за безбедно растојание.

Истажувањето кое е поддржано од добитникот на Нобелова награда, вирологот Харолд Вармус ни кажува дека ставање слој на ткаенина пред нашето лице, спречува 99 проценти од капките.

Науката е јасна. Ние не знаеме кога сме болни. Ако сме болни, тогаш кога зборуваме ние исфрламе вирусни капки во воздухот. Носењето едноставна маска од ткаенина ги запира капките.

Истовремено, проф. Дејвид Хајман од СЗО, вели: Сметам дека носењето маска е еднакво ефективно или поефективно од дистанцирањето.

Во една статија во изданитето Nature од петокот, за петгодишна студија од универзитетот на Хонг Конг и универзитетот на Мериленд покажува дека едноставна  маска блокира 100 проценти од капките на Корона вирусот. Има многу голема разлика помеѓу тоа што науката го кажува и тоа што го прават земјите. Маската е можеби најважното оружје во нашата војна со вирусот, но ние не ја ни употребуваме.

СЗО е се уште на ставот дека маска треба да носат болните и здравствените работници. Со новите сознанија ова нема никаква смисла бидејки многу луѓе не ни знаат дека се инфицирани, па затоа не е ни чудо што могумина се збунети дали да носат маска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *