На денешниот натпревар кој се одигра во Македонска Каменица, екипата на Саса забележа нов минимален пораз од Брегалница Штип. Голот за гостите го постигна Ристе Наумов во 75-тата минута. Со овој пораз Саса останува на последното место на табелата во Втората Македонска Фудбалска Лига.
На останатите натпревари од ВМФЛ се постигнати следниве резултати:
Плачковица – Борец 0-0
Кит Го – Детонит јуниор 3-0
Партизан Обршани – Тиквеш 0-3
Вардар Неготино – Кожуф 0-3