Нов пожар на депонијата во Македонска Каменица

Повторно гореше депонијата во Македонска Каменица. Брзата интервенција на ТППЕ спречи ширење на огнот. Акцијата на пожарникарите за гасење на пожарот беше помогната од крупната механизација од ЈП Камена Река. И овој пат, според информациите кои ги добивме од ТППЕ станува збор за подметнат, односно намерно предизвикан пожар.

Причините за предизвикување на ваквите недозволени дејства од несовесни граѓани се уште се непознати. Како што известивме претходниот пат, според командирот на ТППЕ, Малин Трајчевски случајот е пријавен во полиција. 

ТППЕ од Македонска Каменица апелира до граѓаните доколку забележат вакви случаи на недозволено палење на оган на отворен простор, навремено да биде пријавено.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *