Нов паркинг простор за товарни возила во Македонска Каменица

Македонска Каменица 13.04.2022 година – Општина Македонска Каменица објави дека, преку градежни работни активности на ЈП Камена Река започна со уредување на паркинг простор за товарни возила. Исто така, дел од просторот ќе се користи за одложување на стари и хаварисани возила.

Паркинг просторот, како што стои во соопштението од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, ќе биде на располагање на сите сопственици на товарни возила, а дел од просторот ќе биде уреден за депонирање на хаварисаните возила.

 

Ова, секако претставува уште една придобивка за граѓаните на Македонска Каменица, бидејќи Општината покажува грижа за трајно решавање на проблемите со паркинг просторите и посветено работи во создавањето на поквалитетни услови за живот во централното градско подрачје.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=159141929830984&id=100072055344868

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *