НОВ ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ: Отказ за две лоши оценки!

06.XII.2017 kamenica.mk
Во Македонското Собрание пристигна новиот Закон за административни службеници во кој меѓудругото се предвидуваат надоместоци за успешност и откази за службениците кои ќе добијат лоши оценки.
 
Имено, се воведува член во кој се вели дека на административниот службеник кој е оценет со годишна оценка „А“, му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец од годината за која се вршело оценувањето, доколку во буџетот на институцијата се обезбедени средства за таа намена.
За надоместокот одлучува секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, врз основа на предлог на непосредниот раководител.
Исто така во законот се воведува член според кој на административниот службеник му престанува вработувањето доколку биде оценет со оцена „Д“ два пати последователно или најмалку три пати во последните пет години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *