НОВИ ДОНАЦИИ НА РУДНИК „САСА“ ЗА СПОРТИСТИТЕ ВО КАМЕНИЦА

Рудник „Саса“ Македонска Каменица продолжува со донациите за каменичките спортски клубови. По потпишаниот договор за набавка на опрема за фитнес центарот во новата „Куќа на спортот“, Рудник „Саса“ како компанија со голема општествена одговорност обезбеди поддршка и за спортските клубови кои функционираат на територијата на Македонска Каменица.

Набавена е нова спортска опрема за Кошаркарскиот клуб „Баскет Кам“, за младите категории на Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ и за Футсал клубот „Рудник Саса“. Од раководството на Рудникот најавија дека е обезбедена финансиска поддршка и за учество на Спортско риболовно друштво „Шаран“ во Риболовната лига на Македонија во 2017 година.

Покрај ова, износот кој Рудникот го доделува за Фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ е двојно зголемен, со што се создаваат сите услови за клубот да обезбеди пласман во Втората македонска фудбалска лига.

Сите овие донации и спонзорства се само продолжение на редица други, кои најголемата каменичка компанија ги реализираше во изминатите десет години, а се со цел за подобрување на квалитетот на живот за локалните жители. Инаку досега, Рудник „Саса“ има десетици донации и спонзорства во областите на образованието, културата, спортот, невладиниот сектор и социјалната заштита.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.