Нови банкноти од 100 и 200 евра

Европската централна банка ги претстави новите верзии на банкнотите од 100 и од 200 евра, со нови подобрени безбедносни карактеристики што го отежнуваат нивното фалсификување.

Новите банкноти вклучуваат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата, овој пат во посилна форма со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите.

Дизајнерите ја намалиле висината на банкнотите, кои сега се изедначени со висината на банкнотата од 50 евра. Пред пуштањето во промет на 28 мај наредната година, потребно е да се приспособат повеќе од еден милион банкомати за оваа промена.

Националните централни банки на 19 земји-членки на еврозоната се одговорни за издавање ковани пари, а Европската централна банка ги дизајнира и ги пушта во промет хартиените банкноти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Inline
Inline