Нова фекална канализација на улица Даме Груев со должина од 450 метри

Македонска Каменица, 26.10.2020 година – Општина Македонска Каменица е во фаза на реализација на уште еден инфраструктурен проект од комуналната изградба. Оперативата на ЈП Камена Река поставува нова линија за фекална канализација на улицата “Даме Груев” со должина од 450 метри.

Во рамки на изградбата на 650 метарската нова градска улица “Даме Груев” паралелно се работи на поставување на фекална и атмосферска канализација, како и нејзино спојување со комуналната мрежа до Миле Јаневски Џингар.

Со изградбата на овој инфраструктурен проект трајно се решаваат комуналните проблеми, а со финализирањето на градежните работи на улица “Даме Груев” на жителите од оваа градска средина во Македонска Каменица ќе се обезбеди олеснет пристап до нивните домови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *