Нова урбана опрема во Македонска Каменица

ЈП Камена Река од Македонска Каменица, во рамки на усвоената Програма за работа и планираните работни активности на претпријатието, покрај поставувањето на урбана опрема во централното градско подрачје, денес започна со поставување на истата и во останатите делови на Македонска Каменица.

Клупи и останата урбана опрема добија жителите на улица Каменичка. На места покрај регионалниот пат (Луковички рид) и места предвидени за одмор и рекреација (Репетитор) се поставени клупи и корпи за отпадоци.

Акцијата на Јавното претпријатие Камена Река, ќе продолжи и во наредниот период со поставување на урбана опрема и во останатите приградски населби и селски средини во општина Македонска Каменица, изјавуваат од ЈП Камена Река, Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *