Нико Беќаровски: Ковид-19 мутира, дали вирулентноста ќе му ја намали моќта? (Видео)

Со тешко дишење, кашлица и неколкудневна фебрилност…Околу 25 пациенти дневно со ваква клиничка слика завршуваат во тријажниот центар на Токсикологија. Кај најмалку 15 од нив брзиот тест покажува дека се позитивни на ковид 19.

-Со оглед дека гледаме да правиме што подобра селекција во однос на оние кои доаѓаат како ургентни, околу 70 до 80 проценти од нив се позитивни. За жал, голем дел од нив доаѓаат со намалена сатурација, фебрилност неколку дена во релативно тешка или крајно тешка состојба, вели. Др. Нико Беќаровски – Клиника за токсикологија.

Различните рендген снимки на заразени во март и април и сега, според доктор Беќаровски укажува на мутирањето на вирусот, а досега вели се докажани две мутации – шпанската и данската. Можеби Ковид 19 по малку губи од својата моќ, но како што предупредува токсикологот тоа не значи дека треба да се опуштиме.

-Тоа што го приметуваме сега се малку поинакви рендген наоди. Ако порано имавме стакло слика на белите дробови целата зафатена, сега има некакви топшести форми. Би рекол малку поблага, очигледно дека вирусот стана повирулентен и позаразен па неговата моќ во делот на предизвикување на комликациите е по малку намалена, вели Беќаровски.

На вирусот не се имуни и вработените на Токсикологија – дел го прележале вирусот, други, пак, во моментот се позитивни на Ковид 19. Носат комплетна заштитна опрема и секој пациент што влегува на клиниката го третираат како сомнителен.

Според податоците од Министерството за здравство, на болничко лекување во моментот има 1318 лица од кои 461 се на инфективните одделенија во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *