Никој како Осогово! Рома на твитер го промовира клубот од Кочани!

Рома преку својот официјален твитер профил, го промовираше македонскиот клуб Осогово кој игра во третата македонска лига но е шампион кога се во прашање социјалните мрежи.

Во фудбалскиот клуб Осогово од минатата година дојде модерно раководство кое има за цел да го врати клубот во Првата лига. Покрај на теренот, тие се трудат да победуваа и на социјалните мрежи, една таква победа извојуваа денеска.

Официјалниот твитер профил на Рома кој важи за еден од најдобрите, го промовираше Осогово. Тие напишаа: „Рома твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од Кочани, град со само 35.000 жители. Еден од најактивните клубови на твитер во Македонија, целта на Осогово е да игра во првата лига додека својот 100 роденден“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *