Николчо од Кочани излезе од затвор и продолжи со масакрот низ улиците во градот

Потресни слики по кочанските улици. Измачувани и насилно убиени кучиња ги шокираат кочанчани. Веста дека меѓу нив се вратил, откако ја отслужил затворската казна, како што го нарекуваат кочанскиот Џек Трбосек за животни, извесен Николчо, ги испаничи сопствениците на кучиња во Кочани. Не ретко граганите биле сведоци на вакви шокантни сцени, пренесува Канал 5.

 – Посебен случај е на улицата Скопска, од познатиот кочански монструм Николчо, кој беше во затвор, а пред неколку месеци е излезен, и ги повторува грозоморните дела со кучињата. Ги врзува, ги малтретира, ги тепа и којзнае што уште не им прави каде што ги води по темните подруми во зградите и на други локации. Го имаме пријавувано во полиција, до сега не е ништо преземено, јас на два-три пати му имам одземено и ослободено куче врзано со жици за вратот, изјави Златко Костов, активист за заштита на животните од Кочани.
.Зачестени се поплаките на сопствениците на кучиња за исчезнување на нивните миленици. Се сомневаат дека веќе никогаш нема да ги видат. Активистите за заштита на животните бараат почитување на законските одредби за да се спречат потешки последици во кои можат да страдаат и луѓе. Во меѓувреме, општинските власти на соседното, Карбинци со оригинална идеја како да го решат проблемот со кучињата скитници. Повеќе од половина година, секое заловено куче бездомник, претходно прегледано од ветеринар, тие го подаруваат на овчарите од подплачковичките села…

– Од едни практични причини, од едни хумани причини, и пред се гонети од желбата да ги згрижими овие животни, ние дојдовме на идеа истите да ги подаруваме на овчарите од подплачковичките села, каде живее претежно турско малцинство. Идејата се покажа како доста ефектна, бидејки овие подарени до вчера, така кажано, бездомни кучиња, според сточарите сега се најдобрите кучиња чувари на овците, говедата, кравите, изјави градоначалникот на Општина Карбинци Зоран Минов.

Ако во Кочани сметаат дека ефектот од мерката заловување и обележување на бездомните кучиња од ветеринарни служби, е делумно ефикасен, карбинчани задоволни од реализацијата на идејата, кучињата скитници да се подаруваат на оние, на кои им ке им бидат од полза, а не само како друштво за забава …

Leave a Reply

Your email address will not be published.