Николовски и Гласен текстилец: Правата на работниците се светост!

Правата на работниците се светост! Им благодарам на Кристина и преставниците од Гласен Текстилец за одличниот конструктивен разговор денеска.

Текстилната индустрија подразбира макотрпна и тешка работа. А уште потешко е кога Вашиот труд не се цени, кога Вашата макотрпна работа е злоупотребена.

Работничките со кои се сретнав со мака се сеќаваат на времето на ВМРО-ДПМНЕ, пред само три години, кога беа понижувани, уценувани, заклучувани во текстилните хали.

Можеме многу подобро, но за само две и пол години променивме работи и имаме успеси.

Денеска не работат веќе за срамни 9.000 денари! Земаат 14,500, а ќе земаат 20.000 денари минимална плата.

Денеска зад нив стои државата, го штити нивниот труд, нивното достоинство.

СДСМ со синдикатите е партнер. Не треба граѓаните да и служат на власта, туку власта да им служи ним!

Ќе одиме и чекор понатаму во следниот мандат. Недела ќе е неработен ден за сите кои тоа го сакаат. Време за семејството мора да има!

Направено е многу, но можеме уште повеќе. Затоа што работиме искрено, чесно, домаќински и со почит. Заврши времето кога политичарите ве гледаа само како алатка за поткусурување пред избори, знајте го тоа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *