Не само членовите, од ДИК бонуси земал кој ќе стигне. Погледнете го списокот со имиња…

Државната изборна комисија конечно ја објави одлуката за бонусите, кои не се само за деветте членови на комисијата кои си определиле по четири нивни плати, туку се однесува за сите вработени и ангажирани за изборите.

Токму членовите на ДИК се правдаа дека одлуката не била објавена досега на интернет страната, затоа што тоа било одговорност на стручните служби, кои откако е објавена е видливо дека и тие зеле бонуси.

Бонуси од по три плати им биле определени на генералниот секретар и државниот советник во ДИК, а вработените во стручната служба на комисијата, како соработници, помлади референти,вкупно 34 вработени со одлуката или биле определени бонуси од по две и пол плати.

На раководители и вработени во подрачни единици надвор од седиштето на ДИК им била определена по една плата плус.

На лицата ангажирани во помошното тело на ДИК како асистенти на членовите на Државната изборна комисија и генералниот секретар на ДИК им бил утврден надоместок од три нето плати. Вкупно 11 од кои на осуммина три просечни плати, на еден 4 просечни плати и на двајца по една и пол просечна плата.

На записничарот му била определена дополнително една плата, а на тројца задолжени за јавни набавки на ДИК бонус од по две и пол плати.

На 23 лица кои биле задолжени за комплетирање на изборниот материјал им биле определни по 170 денари од час, на 83 лица за внесување на податоците од 2000 до 4000 денари надоместок, и на осум лица за внесување, односно за методолошко аналитичка обработка на податоците им биле определени по 170 денари од час. Сите биле различно ангажирани, од 90 до речиси 400 часа.

Државната изборна комисија ваквите бонуси ги делела и на претходните избори, па и минатата година кога избори и не се одржаа. За година ипол земале дури 30 плати. Дел од членовите откако се објави во јавноста, се жалеа дека работеле прекувремено и дека законски ги следуваат овие пари, иако истите челнови во текот на целата година кога нема избори ја земаат истата висина на платата, која се движи над 1000 евра.

ДИК на интернет страната ја објави и одлуката секој од тие што зеле пари по сопствена волја да одлучат дали ќе ги вратат парите.

Аферата ја обелодени американскиот амбсадор Џес Бејли, посочувајќи дека не му е јасно зошто никој не објавил и нема транспарентност во одлуката за дополнителни бонуси за членовите на ДИК.

Извор: А1он

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *