Кога се градел автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдолг, госпоѓата Лианг не сакала да се договори со властите и да се пресели.
Куќата од 40 квадрати стои во „дупка“ на сред автопат со четири траки. Сопственичката, како што вели, не сака да се исели затоа што државата не понудила адекватна локација.
„Знам кој се последиците и не ми смета што другите зборуваат за мене. Мислите дека ова опкружение е лошо, но јас чувствувам дека е тивко и угодно“, вели таа.
Од кинеската влада наводно побарала четири стана, а тие прифатиле да и дадат два.
И нуделе и заменско сместување во близина на градските гробишта, што е уште една причина зошто не се преселила.
Властите уште во 2010 година ја оградиле куќата со цел да ја срушат и да изградат мост.
Госпоѓата Лианг е една од 47 домаќинства и седум компании кои се уште функционираат таму.
Властите тврдат дека и понудиле и готовина, но таа се одбила. Тогаш инженерите направиле нов мост кој ќе ја заобиколува куќата.
Сепак, државата продолжува да преговара со сопственичката Лианг која не се откажува од своите барања.