НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: НАРЕДНИОТ ВИКЕНД ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Идната недела, ноќта меѓу сабота и недела меѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на времето така што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: ВНИМАВАЈТЕ: Не се сите броила штелувани за евтина струја!
Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март. Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.
Се смета дека периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер. Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, од кои повеќето се на северната хемисфера. Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време.
Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март. Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.
Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето. Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што се убедени дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки.
Извор: vrabotivanje.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *