Несторовски и Трајковски го победија Пандев

Македонското дуо Илија Несторовски- Александар Трајковски му донесе многу важна победа на Палермо на гостувањето кај Џенова на Горан Пандев.

Сицилијанскиот тим славеше победа од неверојатни 4:3, иако домаќинот Џенова имаше предност од 3:1 и ретко кој веруваше дека Палермо може да дојде до ваков подвиг.

Победоносниот гол за Палермо го постигна Александар Трајковски во 90-тата минута, на асистенција на уште еден Македонец, Илија Несторовски кој натпреварот го заврши со две асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.