Непознати сторители постојано ја оштетуваат водоводната мрежа во село Дулица

Во текот на вчерашниот ден, екипа на ЈП Камена Река изврши поправка на дел од водоводната мрежа во село Дулица. Како што известуваат од комуналното претпријатие, станува збор за намерно предизвикана штета. Случајот се повторува 5-ти пат оваа година, на ист дел од водоводната мрежа. Штета од несовесното однесување, покрај предизвиканите проблеми и создадените трошкови за санација на дефектот, најголемата штета ја трпат жителите на село Дулица.

Уште во текот на вчерашниот ден, наши екипи излегоа на терен и го отстранија дефектот на водоводната мрежа. Констатиран е намерно предизвикан дефект, од кој штета трпат половина од жителите на село Дулица. Апелираме до граѓаните да престанат со несовесното однесување и ваквите намерни оштетувања. Инсистираме, надлежните да ги засилат контролите и да воведат санкции кон сторителите, како мерка за спречување на оштетувањата на водоводната мрежа, зеленилото во градот и поставената урбана опрема, – додадоа во својата изјава од ЈП Камена Река

ЈП Камена Река е изведувач на градежните работи, кои моментално се вршат за инсталирање на автоматски хлоринатори на сите водоводни системи на територијата на општина Македонска Каменица. Со овој проект на општина Македонска Каменица, чиста и квалитетна вода за пиење ќе добијат и жителите во руралните средини. Македонска Каменица е прва општина во државата која ќе го инсталира овој систем на сите организирани водоводни системи и линии во приградските и руралните населени места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *