Неофицијално: Пронајденото тело во Вардар е на исчезнатата професорка од Скопје

Фотографија од исчезнатата

Полицијата информираше дека денеска било пронајдено тело во водите на Вардар кај Карпош 4.

Неофицијално станува збор за телото на исчезнатата Снежана Тројачанец која исчезна вчера утрината.

Таа беше професорка на Факултетот за земјоделски науки и храна. Во изминативе два дена на социјалните мрежи се споделуваше апел за нејзино пронаоѓање. Професорката страдала од депресија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *