НЕМА ВАУЧЕР, НЕМА КОШАРКА: ВТОРОЛИГАШИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ

Здружението на Второлигашките кошаркарски клубови со рекордно присуство досега, денеска во просториите на КФСМ одржа состанок на кој клубовите го кренаа гласот против нивното исклучување од распределбата на ваучерите, кои ги додели Агенцијата за млади и спорт.

Клубовите потпишаа и петиција под мотото „Нема ваучер, нема кошарка“, а зад нив стои и КФСМ, како тело под чија „капа“ тие функционираат.

„Почитувани, крајно сме разочарани од нефер селекцијата и распределбата на проектот Спортски ваучер, кој што по шестмесечно одложување и три пати променети критериуми ги изостави екипите од Втората лига мажи.

Наместо да ги стимулирате екипите и школите кои што го креираат кошаркарскиот производ (играчите), решија непрофесионално и тотално тенденциозно по веќе познатата популистичка мерка, сретставата од граѓаните на државата да завршат кај веќе помогнатите од општините големи клубови.

Веруваме дека целата мерка е еден ненамерен пропуст, кој во најското време ќе биде исправен, во спротивно ризикуваме згаснување на две третити од Второлигашките и Младинските клубови во РСМ“ – стои во петицијата потпишана од сите претставници на Второлигашите.

Петицијата ќе биде доставена до Агенцијата за млади и спорт, до Владата на РСМ, како и до министерството за финансии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *