Немало патници во изгорениот автобус на автопатот Скопје – Штип, возачот побегнал на време

Изгоре автобус на штипската фирма „Кит-го“ на автопатот Штип- Миладиновци кај светиниколското село Крушице, но за среќа во автобусот немало патници, а и возачот успеал навреме да го напушти возилото, потврдуваат од МВР за Сител.

Пожарот се случил околу 13:10 минути. Започнал од моторот, а набрзо ги зафатил и предните гуми. Од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе за Сител велат дека на терен излегле едно возило со тројца пожарникари, а потоа на помош било испратено уште едно возило со тројца пожарникари.

-Во 13:11 часот добивме дојава за запален автобус на правецот Скопје – Свети Николе кај месноста Крушица, во светиниколскиот реон. На лице место е испратена екипа од едно возило и тројца пожарникари кои побараа помош од уште едно возило и тројца пожарникари каде што е запален моторот на автобусот и се зафатени гумите. Со автобусот возел сам и потоа застанал. Зафатена е мала површина од сува трева и нискостеблеста шума. Автобусот и шумата се ставени под контрола. Во моментот уште се работи на лице место, вели за Сител командирот на ТППЕ Свети Николе, Кирил Колев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *