Недостигаат уште 250 000 денари… Донирајте за Игорчо Илиевски!

Игорчо Илиевски од Македонска Каменица поради здравствени проблеми мора да биде подложен на оперативен зафат во Република Бугарија. Кај него е утврдена хернија на дисковите C3-C4 и C4-C5, по што од стручен медицински тим е посочено дека е потребен оперативен зафат, кој со предоперативниот и постоперативниот третма чини околу 8.000 евра. Операцијата ќе биде извршена во Република Бугарија, од страна на д-р Валентин Пелинков, во почетокот на јануари 2017 година. Досега е соберена половина од потребните средства за оперативниот зафат и недостигаат уште околу 250 000 денари. Со оглед на тоа дека Игорчо Илиевски не е во можност сам да ги плати сите трошоци, потребно е да се сплотиме и заеднички да донираме.

Донациите се вршат на следниве телефонски броеви:

T-Mobile 070 143 133

VIP 077 143 475 и

ONE 075 143 475

или на следнава сметка на име на Игорчо Илиевски, Македонска Каменица

300007098470124 – Комерцијална Банка АД Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.