Неделна временска прогноза

Денес е среда, 15 февруари 2017 година, 46-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:24, а ќе зајде во 17:11 часот. Денот ќе трае 10 часа и 47 минути.

Ова утро во Македонија имаме ведро и студено утро со ниски утрински температури кои условуваат појава на слаб мраз. По котлините имам и појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – По студеното утро и утрински температури кои се движат од -10 до -1 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и потопло време во однос на вчерашните температури со максимални температури кои ќе го надминат просекот за овој период од годината и ќе достигнат до 4 односно до 14 степени. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч.

Македонска Каменица– Во Македонска Каменица имаме студено утро со појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -7 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 11 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Студено но потопло утро не очекува во петок и сабота, потопло бидејќи температурите ќе бидат во пораст како утринските така и дневните. Во петок утринските од -8 до 1 степен, додека пак дневните од 6 до 15 степени, додека пак во сабота минималните температури ќе се движат од -6 до 3 степени, додека пак максималните од 7 до 16 степени. Во сабота наутро и претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, попладне зголемување на облачноста, а во доцните вечерни часови во западните и северозападните предели со услови за слаби врнежи од дожд. Дневните температури од 6 до 15 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со слаби врнежи од дожд и дневни температури идентични како во саботата од 5 до 15 степени, но со многу повисоки утрински.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *