На 28-ми април, средното училиште го слави името и делото на Миле Јаневски Џингар

Во петок (28-ми април), средното општинско училиште го слави името и делото на херојот од Македонска Каменица, Миле Јаневски Џингар.

Миле Јаневски Џингар беше припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“, а загина во војната од 2001 година, во заседа кај Вејце. Средното општинско училиште во Македонска Каменица го носи неговото име, а по повод патронатот организира пригодна програма. Во 11.30 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен обележјата во Македонска Каменица, по што ќе започне методско-показна вежба на колегите на Миле од БСН „Волци“. Во 12.30 часот ќе име прием во СОУ „Миле јаневски Џингар“ каде ќе биде поставена изложба на уметнички дела и креации на учениците, а во 14.00 часот ќе се одигра ревијален натпревар со кој ќе биде отворен Меморијалниот спортски турнир „Миле Јаневски Џингар“.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.