На кои места ќе никат новите патарини во 2018-та година?

Во 2018-та година конечно ќе отпочне да се применува новиот и модерен начин на работа по македонските патишта, а со него доаѓаат и новите наплатни станици заедно со електронското плаќање на патарина.
На новата наплатна станица во Романовце (кумановско) опремата е веќе инсталирана, а во моментов таму се прави технички прием по што ќе биде ставена во функција.
Што се однесува до електронската наплата на патарините, таа ќе започне малку подоцна, односно кога ќе бидат завршени и дел од другите станици вдолж Коридорот 10.
 
Според планот, наскоро ќе започнат и градежните работи на наплатните во Петровец и Градско, како и изградбата на објектот во непосредба близина на наплатната станица Петровц каде ќе биде сместен централниот систем за наплата на патарина.
Цените ќе останат исти, а нови наплатни станици ќе има на двата нови автопати кои следната година треба да почнат со работа (Демир Капија – Смоквица и Штип – Миладиновци).

Leave a Reply

Your email address will not be published.