На вандализмот во Македонска Каменица му нема крај. Уништен системот „Капка по капка“

Македонска Каменица, 10. Јуни 2019 година – Не престанува вандализмот врз новопоставената урбана опрема во Македонска Каменица. Иако вчера пишувавме за видни оштетувања врз скоро засадените декоративни и цветни садници, денес се забележани нови оштетувања врз новопоставениот систем „капка по капка“. Инсталираниот систем требаше да допринесе за ефикасно и економично наводнување на зеленилото во централното градско подрачје и новозасадените декоративни листопадни и зимзелени садници. Од страна на несовесни граѓани се украдени поголмиот број на „капалки“ кои го регулираат истекот на вода од системот.


Веќе се работи на поправка врз оштетувањата на системот „капка по капка“, но сите дополнителни активности на ЈП Камена Река како претпријатие задолжено за одржување на истиот, граѓаните ќе ги чини дополнителни средства. Затоа од општина Македонска Каменица и од ЈП Камена Река апелираат до граѓаните секое забележано несовесно однесување врз урбаната опрема да ја пријават до надлежните органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *