НАЈНОВА ВЕСТ: Тони Симиќ го напушти Партизан и доаѓа во “Баскет Кам” Македонска Каменица

 

Македонска Каменица се крева на спортската мапа. Најново изненадување во македонската кошарка е новиот тренер на машкиот тим од нашиот град. Тренер на КК Баскет Кам ќе биде некогашниот македонски репрезентативец Тони Симиќ.

 

44-годишниот Симиќ долго време работеше во редовите на Партизан Водно Санс, ама реши да ја прифати поканата на проектот, кој според првите најави, ќе биде доста амбициозен. Екипата на Баскет Кам моментално игра во Втората лига, но покажува силен интерес за влез меѓу најдобрите.

Тони Симиќ во своето портфолио има и одличен настап со македонската кошаркарска М18 репрезентација, со која на првенството во Орадеа, Романија, го освои четвртото место во Б-дивизијата.

Некогашниот центар ја заврши кошаркарската кариера во 2016 година, во редовите на Гостивар и оттогаш му е посветен на тренерскиот занает. Покрај за гостиварчани, Симиќ играше и за Фени Индустри, Лирија, Работнички, Торус, Вардар и МЗТ Скопје, а имаше и авантура во Полска, во редовите на Котвица.

Баскет Кам во новата сезона во рамки на Втората лига – Исток има осум освоени бода по пет кола, но поради коронавирусот има четири натпревари помалку од предвидените.

Извор: гол.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *