Најмладите надежи на КК Баскет Кам со 61:28 го декласираа КК Работнички на М-12 турнирот во Скопје

Најмладите кошаркарски надежи на КК Баскет Кам денес учествуваат на првиот турнир од М-12 категорија, кој се игра во малата спортска сала Јане Сандански во Скопје.

Во првиот натпревар на овој силен турнир каменичките млади кошаркарски надежи се сретнаа со фаворизираните младинци на КК Работнички од Скопје. Со одлична игра во текот на целиот натпревар, успеаа буквално да го декласираат тимот на Работнички со високи 28:61.

Најефикасен на натпреварот со 28 поени е Матеј Митревски од тимот на КК Баскет Кам. Огромен придонес во оваа значајна победа на каменичани дадоа и Виктор Попов со 14 и Матеј Атанасов со 11 поени.

КК Баскет Кам М-12 настапите на турнирот ги продолжува во 18 часот со натпреварот против уште еден фаворит КК МЗТ Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *