Победата на Вардар над Монпелје ги израдува сите фанови на „црвено-црните“ кои задоволни го напуштија „Јане Сандански“, а новата победа од 33:27 покажа дека вардарци се подготвени за елиминациските дуели.
Вардар доминираше од првата минута до последната. Поведе со 5:0 и постојано беше во предност. Гостите се доближија и на еден погодок, а Вардар најголемата разлика ја имаше со седум погодоци. Затоа мора да се видат најдобрите моменти и уште еднаш да се ужива во она што момците го покажаа на теренот.
Најдобрите моменти се споени во 90 секунди и можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Ако, пак, имате повеќе време и сакате да уживате во целиот натпревар тогаш можете да го погледнете на следниот ЛИНК.