Најавена целосна санација на клизиштето и камените одрони на патиот правец Македонска Каменица – Кочани

Македонска Каменица, 04. Јули 2019 година – Во врска со настанатиот одрон на патот Македонска Каменица – Кочани од Македонија Пат најавуваат целсна санација на клизиштето и обезбедување на сигурност и безбедност во сообраќајот на овој патен правец.

Моментално, преку скенирање на критичниот дел се вршат темелни испитувања и мерења на клизиштето, во текот на наредните денови ќе се пристапи кон обезбедување на просторот и целосна санација на критичната точка. Станува збор за поголемо клизиште. Потребна е детална анализа на просторот и утврдување на постапката за целосно расчистување на овој постојано критичен дел од патниот правец.  Со ваквиот пристап кон решавање на овој проблем и со трајното решавање на оваа критична точка од овој патен правец ќе овозможиме поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот – изјавуваат од Македонија Пат

Исто така, ги известуваме возачите кои сообраќаат на патниот правец Македонска Каменица – Кочани да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот. На местото на одронот моментално се вози по едната коловозна лента, истото е означено со соодветна сообраќајна сигнализација. Камените одрони остануваат на едната коловозна лента, поради можноста од настанување на нови одрони, кои можат да предизвикаат дополнителна штета и опасност за возачите и учесниците во сообраќајот, – додаваат од Македонија Пат

Според најавите на службите од ЈП ДП до крајот на наредната недела се очекува да заврши анализата на зафатеното подрачје и веднаш да започнат градежните активности за санација на просторот. Најавуваат дека во тој период патниот правец ќе биде целосно затворен за сообраќај и истиот ќе се одвива по алтернативни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *