НАЈАВА НА ШВЕДСКА ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРАВНИОТ ДОМ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

IMG 2254

30. Јануари 2018 каменица.мк

Градоначалникот на општина Македонска Каменица Соња Стаменкова, денес во својот кабинетот ги прими Марија и Томас Росенгрин претставници од Шведската невладина организации “HAND TILL HAND” и раководнителите на Здравниот Дом Гоце Делчев од Делчево – Др. Марија Глигоровска и Локалната здравствена станица во Македонска Каменица – Др. Стефка Димитровска-Стаменкова.

Шведската невладина организација Hand Till Hand во периодот од Maj 2016 до Ноември 2017 година само во Штип има обезбедено четири (шлепери) донации на медицинска опрема и помагала за потребите на ЈЗУ Клинични Центар во вредност од околу 1.000,000 евра која опремата дел е нова а останатиот дел амортизирана само 20 %. Целата опрема од овој донатор е проверена, пакувана и заштитена за во моментот на достaва истата да е исправна и функционална, дезинфицирана и подготвена за употреба.

На средбата се донесе заклучок дека ваква донација може да се направи и во локалните здравни домови со што би се подобриле условите за давање медицинска помош на локалното население, а со тоа би се подобрил и квалитетот на животот во општина Македонска Каменица.

5.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published.