Македонска Каменица 19.06.2018 година – Уличните изведувачи од патувачкиот фестивал „Баскерфест“ и годинава доаѓаат во Македонска Каменица да понудат уште едно возбудливо и уникатно шоу, кое ќе ги импресионира и најмладите и повозрасните во нашиот град.
Баскерфест шоуто ќе се оддржи на 21-ви јуни (Четврток) во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“.
Настанот е во организација на КИЦ „Романса“ под покровителство на општина Македонска Каменица.