Нападнат фризерот од Кочани што доби милионски џек-пот. Напаѓачот му барал 3000 евра

Нападнат фризерот од Кочани кој доби милион на џек пот. Напаѓачот му барал пари. Инцидентот се случил во неговиот фризерски дуќан, каде дошол напаѓачот и од тазе милионерот побарал процент од добивката. Вкупно пресметал дека му следуваат 3.000 евра.

На ова жестоко се спротиставил добитникот на џек потот кој бил категоричен во ставот дека нема намера да дава пари никому, зашто никому не му должел ништо.

Ова не бил одговорот што напаѓачот го очакува, па со голи раце искршил дел од стаклото на дуќанот, а присутните ги преплашил до смрт.

Случајот е пријавен во полиција каде како напаѓач е идентификуван 23 годишник од Кочани со иницијали А.С. . истиот од денес е со кривична од полицијата за кривино дело „насилство“.

Извор: ТелевизијаСтар – Штип

Автор: Даниела Такева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *