Налепниците со ознака НМК за регистарските таблици ќе чинат најмногу 50 денари

Налепниците со ознака НМК за регистарските таблици ќе чинат најмногу 50 денари

Согласно Преспанскиот договор, по 12 февруари возилата со регистарски таблици МК ќе треба да имаат налепници со ознака НМК.

Се работи за симболичен трошок, односно како што соопшти МВР, налепниците ќе чинат од 30 до 50 денари.

Цената на налепниците е објавена на 3 јануари во Службен весник, а ќе се продаваат најверојатно во станиците за технички преглед на возила. Испораката на налепниците тече согласно договорот со економскиот оператор кој е избран на тендер, додаваат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.