Над 220 заразени од коронавирусот во Италија, 11 градови во изолација

На европскиот континент најпогодена од коронавирусот е Италија. Седум лица загинаа, а над 220 се заразени, но овие бројки постојано се менуваат, пренесува хрватски „Индекс““.

Здравствените влсти во земјата имаат проблем со лоцирање и на првиот заразен од кој почнал да се шири вирусот. Земјоделецот за кој имаше сомнение дека е т.н. „нулти пациент“ е негативен на вирусот, пренесе „Кориере дела сера“.

Делови од северот на земјата се блокирани поради ширењето на вирусот, а единаесет градови се во своевидна изолација. Според италијанските медиуми, повеќе од 100.000 луѓе се изолирани во овие градови.

Кина денес соопшти за нови смртни случаи како последица од коронавирусот, кој првично се појави токму во оваа земја, но предизвикува загриженост низ целиот свет бидејќи расте бројот на заразени на Блискиот исток и во Европа.

Во азиската земја се пријавени 508 нови случаи и уште 71 жртва, од кои 68 во Вухан, градот во кој беше откриен вирусот во декември.

Со тоа бројот на заразените во Кина се зголеми на 77.658, а бројот на загинати на 2.663, објави АП.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *