Музичкото чудо Бајса Арифовска ќе настапи во родниот град

Бајса Арифовска е уникатна македонска музичка појава. Од Македонска Каменица, преку Штип, стигнува во Скопје за да го комплетира своето музичко образование и да стане еден од најреспектираните македонски музичари. Свири на повеќе од 15 инструменти, а има оддржано стотици концерти со врвни музичари.

По повод отворањето на новиот Дом на култура во Македонска Каменица, Бајса ќе настапи во родниот град на концерт наречен „Бајса и пријателите“. Во недела (30.04.2017), Бајса придружувана од Душко Георгиевски, Орце Лазаров, Ратко Даутовски и Емил Адамски, ќе оддржа целовечерен етно концерт, а локалната публика ќе има можност за неповторливо уживање во македонската традиционална музика.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.