МОН им препорача на наставниците да ги спојат Нова година и Божиќ

Наставниот кадар да биде слободен до 9 јануари по новогодишните празници, препорачало Министерството за образование и наука, со цел да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесет часовно работно време во петдневна работна недела, како и намалување на трошоците за загревање на училишните објекти.
 
– Согласно Календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, ве известуваме дека до раководните лица на училиштата е доставена препорака деновите што следуваат по новогодишните празници да бидат неработни, односно вашите работни обврски да започнат на 9 јануари, се вели во соопштението од МОН.

Оваа препорака, се додава во соопштението, е согласно Календарите за организација на учебната 2017/2018 година, за основните и средните училишта каде две саботи во првото полугодие и две саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.