Момче од Делчево украло платежни картички од вујко му, па си подигнало пари

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 20-годишниот Н.И. од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од август до декември 2019 и јануари 2020 пријавениот во пет наврати од неговиот вујко одзел платежни картички, на кои бил напишан пин кодот, и од банкомати подигнал парични средства во  износ од 54.640 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *