Можни предлози за начин на работа на кафулињата по олабавување на мерките

Според Слободен печат, до Стопанската комора испратен е протокол за функционирање на кафулиња и угостителски објекти по олабавување на мерките и почеток на таквите објекти со работа.

Дел од предлозите вклучуваат најпрво само отварање на летните тераси од рестораните и кафулињата, воведување редар и максимална бројка од 4 лица на една маса, но не мора да се од исто домаќинство. Во регионот практиката е поинаква и се проверува дали лицата се од ист дом, но кај нас нема да се проверува.

Уште една од превентивните рестрикции најверојатно би било работното време на угостителските објекти и кафулиња да е до 18 часот.

Овие предлози доаѓаат и од примери од други земји каде се покажале како успешни во оваа фаза од пандемијата, кога оптимистички се намалува бројот на нови заразени, а расте бројот на оздравени.

Некои од кафулињата веќе почнале со спремање на просторите за почеток со работа, но сепак ништо не е официјално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *