Можен е 85-часовен карантин за Велигден

За најамалку 24 часа подолг карантин од моменталниот (кој почна во петок во 16 часот и ќе трае до утре до пет часот наутро) за време на велигденските празници најави министерот за здравство Венко Филипче, на денешната едукативна сесија во врска со коронавирусот.

Тој рече дека за мерките за ограничување на движењето за Велигден ќе се разговара следната седмица, почнувајќи од утрешната владина седница, а одговарајќи на новинарско прашање дали е разгледувана можност за воведување полициски час од четврток попладне до вторник наутро.

„Една од можните мерки што се разгледува е ограничување на движењето од петок до вторник наутро. Тоа би значело рестрикција како и овој викенд плус понеделник, а без четврток. Сепак, конкретна одлука за тоа ќе се донесе деновиве“

рече Филипче.

Од почетокот на оваа седмица, Владата ги заостри рестрикциите за движење на граѓаните, така што полицискиот час во работните денови, наместо од 21 часот, почнува од 16 часот. Ограничувањата, што првично беа применети во Куманово, сега важат за целата територија на државата.,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *