Виничанец е дел од најпопуларното новинарско шоу во соседна Бугарија „Господари на етерот“. Станува збор за шоу кое се емитува веќе 14 сезони и е карактеристично по тоа што ги лови најголењмите новинарски гафови, но и раскажува приказни од реалниот живот:
- Во Бугарија новинарите станаа само репортери, се случило нешто и го пренесуваат, додека новинарската работа е да бараш, да најдеш некој проблем и да го кажеш. Нашата емисија точно тоа го прави, работи на сигнали од луѓето и ги прикажува на телевизија. И луѓето веруваат во тоа. Тоа се проблеми кои државата не може или не сака да ги реши и откако ќе ги прикажеме сите се активираат да ги решат, изјави Игор Дамјанов, актер.
32-годишниот актер Игор Дамјанов, вече 13 години живее во Бугарија и е дел од Драмскиот театар во Благовград.
Тој со подеднаков интерес ги следи бугарските и македонските медиуми, и негова констатација е дека политиката го оптоварува македонскиот медиумски простор:
- Има само музика и политика. Само политика го натежнува амбиентот, им тежи на луѓето, а и нема никаква смисла да емитуваш само политика и нервоза, изјави Игор Дамјанов, актер.
Наместо политика, според Дамјанов, многу поголем простор во медиумите треба да се одстапи на домашната продукција:
- Домашна продукција, тоа најмногу недостасува во Македонија. Порано имаше многу домашна продукција, но сега веќе сите имаме технологија која снима нмногу добро, а тие емитуваат нешто што не било снимано квалитетно, изјави Игор Дамјанов, актер.
Во Македонија домашна продукција речиси и да нема, за разлика од соседството, каде годишно се продуцираат шоуа, серии и филмска продукција, тешка милиони евра.