Младите дејствуваат за поголема сообраќајна култура

22. декември 2017 каменица.мк

Денес се оддржа втората акција на „Сообраќајната училишна единица“ во Македонска Каменица. Акцијата станува се попопуларна и евидентно е дака има влијание врз сообраќајната свест кај возачите во нашата општина. Инаку, основната цел на „Сообраќајната училишна единица“ е преку делење на промотивни материјали (флаери, брошури, фрешери) да поттикне повисока култура кај учесниците во сообраќајот и таа ќе се одвива и во наредниот период.

Денешната акција беше поддржана и од Соња Стаменкова-градоначалник на општина Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.