Младинците на ФК Каменица САСА подобри од своите врсници во ФК Победа од Валандово

Подмладокот на ФК Каменица САСА денес гостуваше во Валандово на натпревар од 9-то коло како дел од младинските второлигашки натпревари против екипата на ФК Победа. Успеаа да постигнат три гола и да освојат три нови бодови на своето салдо.

Овој натпревар всушност е еден вид предигра на натпреварот кој ќе се одигра во сабота помеѓу сениорските екипи. Каменичани на тој натпревар ќе гостуваат со мотив да ги освојат трите бода и конечно да успеат да се тргнат од дното на табелата.

Денешниот успех на младинците и резултатот од 0:3 нека биде само поттик повеќе и во сабота да се радуваме на уште една победа во Валандово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *