Младинските категории го започнаа натпреварот со оддавање почит кон починатиот великан на клубот Перо Стојановски

Македонска Каменица, 22. Ноември 2020 година – Денес, младинските екипи на ФК Каменица САСА ги започнаа натпреварите од есенскиот дел на второлигашкото првенство на Македонија.

Во знак на оддавање почит кон прерано загинатиот Перо Стојановски натпреварот започна со едноминутно молчење и со порака за огромна благодарност до најголемиот великан на каменичкиот и македонските фудбалски простори.

Перо Стојановски е долгогодишен првотимец и капитен на ФК САСА, екипа која под негова палка го диригираше македонскиот прволигашки фудбал. Перица беше синоним за пожртвуван и предан играч на фудбалската игра. Со виртуозноста во изведбата на фудбалските мајстории, со несебичноста и љубовта кон својот тим секогаш измамуваше бројни аплаузи од верната каменичка публика. Борбеноста на секоја педа од теренот беше неговс одлика, а со самото појавување на теренот претставуваше неодминлив страв на противничките голмани и одбранбени играчи.

Перо Стојановски загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *