МЛАДАТА КАМЕНИЧАНКА АНГЕЛА ЗЛАТАНОВСКА ЗАМИНУВА НА МУЗИЧКА ТУРНЕЈА ВО АВСТРАЛИЈА

Младата Ангела Златановска заедно со уште неколку музичари од Македонија, ќе отпатува на првата турнеја во Австралија. Таа се надева дека тамошната публика добро ќе ја прифати и дека ќе имаат успешна турнеја.

Младата и успешна пејачка Ангела Златановска, следната недела заминува за Австралија, каде ќе ја оствари нејзината прва турнеја.  Како што ни открива таа, веќе се договорени голем број настапи низ повеќе градови во оваа далечна земја, а ќе настапува заедно со уште неколку музички имиња од македонската естрада.

-Премногу сум возбудена за она коешто наскоро следува. Се надевам дека и јас, како и моите колеги Наум и Зуица, ќе имам успешни настапи и се надевам дека публиката ќе ме прифати, а јас ќе се потрудам да се претставам во најдобро светло. Здравје Боже, кога ќе се вратам моите впечатоци ќе ги споделам со гледачите на ИН ТВ.-истакна Ангела, ексклузивно за читателите на Естрада плус.

Инаку, Ангела подготвува авторски песни, од кои едната е готова и ќе биде објавена за скоро време. Таа за следниот период најавува и албум.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *