МИНИСТЕРОТ БЕКТЕШИ ДО ГРАЃАНИТЕ: Пријавете го секој прекршок на трговците

БЕКТЕШИ ГИ ОХРАБРУВА ГРАЃАНИТЕ Пријавете го секој прекршок на трговците

Трговците да не ја злоупотребат ситуацијата со цел да остварат дополнителен профит, а најважно да не создадат вештачка криза со тоа што ќе влијаат психолошки кај граѓаните да купуваат што повеќе производи, тоа не е потребно бидејќи имаме доволни количини, потенцира Бектеши.

Трговците да не ја злоупотребуваат ситуацијата, а граѓаните да пријавуваат секаков прекршок, порача министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој во емисија на „ТВ21“ истакна дека редовно и навремено се постапува по сите поплаки од страна на граѓаните во однос на нерегуларностите од страна на маркетите.

– Веќе се казнети најголемите ланци на супермаркети, денеска бев информиран од страна на секторот во Министерството за економија, дека има поплаки за одреден супермаркет и веднаш го информиравме Државниот пазарен инспекторат, кој согласно моите информации веднаш постапил – изјави министерот нагласувајќи дека ако се повтори тој прекршок ќе следи дополнителна мерка.

Порача граѓаните редовно да ги земаат фискалните сметки и на бројот 191 да пријавуваат за секакви нерегуларности.

– Трговците да не ја злоупотребат ситуацијата со цел да остварат дополнителен профит, а најважно да не создадат вештачка криза со тоа што ќе влијаат психолошки кај граѓаните да купуваат што повеќе производи, тоа не е потребно бидејќи имаме доволни количини – потенцира Бектеши.

Според него, имајќи ја предвид руско-украинската криза, следи година потешка и од времето на пандемијата.

Извор на содржина: Плусинфо.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *